Петар Печков
Објавено: сабота, 24 август 2013
Во натпревар од третото коло на Втората лига Борец на домашен терен ја совлада екипата на Скопје со 3:2. Тоа беше тврд натпревар во кој домаќините заслужено дојдоа до трите бода. Тие поведоа со голот на Митревски во 13-тата минута преку Пановски во 17-таа водеа со 2:0. Ова беа одлични минути на игра на домаќинот, кој потоа застана а госите бргу се вратија со голот на Поповски во 20-тата минута.
Со овој резултат се отиде на пауза. Второто полувреме велешани се повлекоа, Скопје ја држеше топката но без изгледни шанси за гол. Затоа во финишот во 82-та со ефектен гол откосо од 16 метри Јанакиевски зголеми на 3:1. Скопјани бргу се вратија во игра со сомнителен пенал во 85-тата од кој Поповски со неговиот втор гол намали на 3:2. Велешани до крајот со играч помалку ги издржаа налетите на гостите.
Со оваа победа Борец по 3-тото коло е пети на табелата. На натпреварот слабиот судија Јосип Бартон од Тетово додели три црвени картони, од кои два на домаќините за некои стартови кој тој само ги окарактеризира како остри и дури девет жолти. Откако во првото коло победи на помошното игралиште против екипата на Зајас, Борец куп средбата против Дрита ја играше на Градски каде беше поразен. Сега повторно играше на помошното фудбалско игралиште и победи. Следното коло Борец гостува во Скопје, на екипата на Локомотива.
Tweet |